Арсенал го прегази Манчестер Сити на „Емирати“ во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата – 5:1.
Арсенал полесно од очекувањата го доби дербито против Манчестер Сити. Иако гостите успеаја да израмнат во 55. минута, немаше дилема кој е подобар тим до крајот на мечот.
„Tопџиите“ постигнаа уште четири гола за убедлива победа и ја продолжија шампионската трка со водечкиот Ливерпул.
Лондонскиот тим ја задржа дистанцата со лидерот во генералниот поредок. Ливерпул имаат 56 бода по саботната победа над Бурнмаут, додека екипата на Микел Артета е втора со 50 и натпревар помалку.