
Симфонискиот оркестар на Јеил (YSO) има одржано безброј концерти, турнеи ширум светот и соработува со славни имиња од класичната музичка сцена како Јо-Јо Ма, Најџел Кенеди, Емануел Акс, и многу други. Денес се смета за еден од најважните младински оркестри во САД. Младите музичари кои членуваат во Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ ја продолжуваат својата кариера во најпрестижните оркестри во светот, како на пример Њујоршката филхармонија, Лос Анџелес Филхармонија , Лондонска Филхармонија, итн.
Симфонискоит оркестар на ЈЕИЛ отсекогаш ставал голем акцент на современата музика, на почетоците од неговото формирање ја изведе Литургијата на Бернштајн на европска премиерна турнеа и оттогаш има нарачано и премиерно изведено десетици дела од млади композитори.
11 МАРТ 2025, 20 ЧАСОТ
ФИЛХАРМОНИЈА
ДИРИГЕНТ: WILLIAM BOUGHTON
СОЛИСТИ: TOBIAS LUI (Violin). ERIN NISHI (Viola)
Со Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ диригира Масетро Вилијам Ботон, основач на Англискиот Симфониски Оркестар (ЕSО) . Масетро Вилијам Ботон е меѓународно признат диригент кој во својата кариера има направено соработки со големи светски оркестри и солисти ширум светот зад него стои обемна и наградувана дискографија.
На концертот во Скопје Симфонискиот оркестар на ЈЕИЛ ќе се претстави со дела од Рихард Штраус, Моцарт, Копланд и Вилијамс.
Бидете дел од овој несекојдневен настан!