Skip to main content
КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Песните на Ален Исламовиќ кои некогаш беа хитови сега се евергрини

Носталгијата е секогаш во мода. Песните кои некогаш беа хитови сега се евергрини. Најдобар доказ за тоа е Ален Исламовиќ, третиот вокал на Бело Дугме кој во Македонската филхармонија одржа одличен концерт. Ален на 68 години се држи одлично и по глас и по стас.

Харизматичен, без проблем ги испеја песните од „Дугме“, и од неговиот претходен бенд Дивље јагоде“.

Иако тој со Бело Дугме пееше само еден албум, во него ги има можеби најквалитетните нумери како „Напиле се улице“, „Те ночи кад умрем“, Хајдемо у планине“ и легендарната „Ѓурѓевдан“. Од периодот на „Дивље јагоде“ ги слушнавме „Мотори“, „Шејла“ и „Не желиш крај“.

Публиката, најголем дел од средната и постарата генерација уживаше во овој музички времеплов кој нѐ врати во едни поубави времиња кога музиката имаше душа а песните се слушаа на радио и плочи а не како сега на стримови и Јутуб.

Концертот го организираше „Евентум“.

Поврзани вести