
На 15 мај Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот што обележа генерации. Легендарниот Ален Исламовиќ, гласот што стои зад некои од најголемите хитови на Бијело дугме и Дивље јагоде, пристигнува во Македонската филхармонија за концерт што ветува вистинска музичка магија.
Со препознатливата емоција и моќ што ја носи во секоја нота, Исламовиќ ќе ја потсети публиката на времињата кога песните имаа душа, а музиката обединуваше. „Липе цвату“, „Ѓурѓевдан“, „Мотори“,.. се само некои од безвременските химни што ќе одекнат во салата на Филхармонија, враќајќи спомени, будејќи чувства и создавајќи нови моменти за паметење.
„Драги пријатели од Македонија се гледаме во Скопје на 15 мај во Филхармонија на мојот солистички концерт. Ќе ги свириме сите оние најубави песни од убавите, дамнешни стари времиња. Ќе свириме и нешто ново. Главно тоа ќе биде опус на мојата мала биографија“, вели Ален во видео-пораката што ја испрати до македонската публика. https://www.facebook.com/share/r/1NSocqasQ4/
Ова нема да биде само концерт, туку вечер исполнета со носталгија, енергија и искрена емоција. Со специјален бенд во проширен состав, подготвен за издание поразлично од сè досега, Ален Исламовиќ ветува дека ќе приреди вистинско музичко патување низ годините.
Гласот што не старее. Хитовите што не се забораваат.
15 мај во Македонска филхармонија. Ова е концерт што не се пропушта.
Билетите се во продажба преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=210, концертот е закажан со почеток од 20:00 часот и е во организација на Евентум продукција.

Македонски



