Skip to main content

Се сеќавате на Хулк? Уште игра на 39 години

– Бразилскиот напаѓач Хулк официјално е нов фудбалер на Флуминенсе.
Триесетидеветгодишниот поранешен бразилски репрезентативец потпиша договор до крајот на 2027 година и ќе го носи дресот со број 7.


Хулк му се приклучи на Флуминенсе без обесштетување, откако го раскина договорот со Атлетико Минеиро, за кој настапуваше од 2021 година и освои седум трофеи.
Хулк од 2008 до 2012 година беше дел од португалскиот Порто, со кој ја освои Лига Европа во 2011 година, а од 2012 до 2016 година настапуваше за руски Зенит.


Со бразилската репрезентација, Хулк го освои Купот на конфедерациите во 2013 година и сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година

Поврзани вести