Skip to main content

„Од Пр’ва“ со прв концерт во Скопје: Рок-фузија со Зафировски, Парушев и Максимовски

@zdenko_zdepe_petrovski

Нов музички проект на македонската сцена, „Од Пр’ва“, ќе го одржи својот прв концерт на 28 април во скопскиот клуб „Лабораториум“.

Станува збор за рок-фузија состав во кој членуваат Ѓокица Зафировски (гитара и вокал), Михаил Парушев (тапани) и Ѓоле Максимовски (бас).

Бендот најавува енергичен настап со авторска музика и ново видување на материјалот од албумот „Вселена“, надополнет со дел од познатите песни од периодот на „Suns“. Организаторите најавуваат дека публиката ќе има можност да слушне комбинација од рок, панк и гранџ, во нова, зрела форма.

Концертот ќе започне во 20 часот, а влезниците ќе се продаваат на врата.