
Драган Спасов-Дац и Александар Митевски најавија музички маратон пред концертите „Дамите бираат“, кои ќе се одржат на 6 и 7 март во Македонскиот народен театар (МНТ), во пресрет на Денот на жената – 8 Март.
Како што соопштија на денешната прес-конфренцијата, концертот ќе биде поделен во три дела, а на сцената ќе ги придружува групата „Дрим тим“.
Првиот дел е прием со пијалак за довредојде. Во фоајето на МНТ ќе ве пречека нашиот диџеј Миле Џолев, доктор за музика. Потоа оди концертот. По концертот се селиме повторно во фоајето на коктел и нѐ очекува нашиот пријател Јоргуш на клавијатури. Ќе има и плус пеење и ќе ја заокружиме вечерта некаде околу еден часот, рече актерот Драган Спасов-Дац.
Концертот е насловен „Дамите бираат“ и како што велат Дац и Александар тоа ќе биде еден вистински празник на љубовта и на жената.
Бендот е надополнет со уште музичари и ќе брои 16-17 луѓе на сцената заедно со нас. Имаме и интересни специјални гости, рече Митевски.

Македонски



