
Дина Јашари и нејзиниот бенд се официјалниот opening act на концертот на Duran Duran во Скопје!
Дина е едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена, артистка која со својот уникатен звук, харизма и авторски печат успеа да ја освои публиката и критиката низ регионот и Европа.
Овојпат, Дина, заедно со својот одличен бенд, ќе ја загрее сцената за еден од најголемите и највлијателни бендови на сите времиња, актуелен и денес, велат од „Авалон“.
Јашари важи за лидер на новиот македонски музички бран, добитник на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ” во 2022.
Дина Јашари го отвори и концертот на MASSIVE ATTACK како прв концерт од ланското издание на Skopje Calling 2025 на 28 јуни на Стадион на АРМ, во организација на „Авалон“.

Македонски



