Skip to main content

Општина Кисела Вода најави богато културно лето со програма за сите генерации

Фејсбук профил на Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Општина Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода викендов по 71 пат се одржува традиционалното културно лето со богата културно уметничка програма наменета за сите генерации и со учество на македонски музички ѕвезди и диџеи.

Културното лето се организира на четири локации во Општина Кисела Вода од 26 до 28 јуни: Драчево на крстот и парковите Шопен, Расадник и Македонија, а ќе настапат: Лозано, Адријана Петрушевска, група Љубојна, Влатко Миладиновски, Таско, 2 Бона, најмладите од фестивалот „Киселко“, млади бендови, а во недела програмата завршува со настапот на балканската ѕвезда Војаж.