Skip to main content

Гала филмска вечер со премиерата на филмот „Луда љубов” од Жил Лелуш

Францускиот институт во Скопје организира гала филмска вечер, со премиерата на филмот „Луда љубов” (2024), од Жил Лелуш, која ќе се одржи во среда, 3 декември 2025, во 20 часот, во кино Синеплекс – Скопје Сити Мол.
Од 4 декември 2025, ќе следи проекција на филмот во рамките на редовниот репертоар на киното Синеплекс.

Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција, и Марија Апчевска, режисерка, а по проекцијата следи коктел.

„Луда љубов”, на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки.

Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во официјалната конкуренција, и досега постигна 5 милиони продадени билети само во Франција, во 2024 година.

За филмот, француските медиуми напишаа:

„Моќна романса со неверојатна благост и жанровски мешавина на социјална драма, крими-акција, мелодрама, романтична и музичка комедија. Филмот не смеете да го пропуштите!” (Ле Фигаро)

„Филмот е емотивен, импулсивен и динамичен (…), направен со силен ентузијазам, обземајќи го веднаш срцето на гледачот преку оваа страсна љубовна приказна.”– (Филмзакти)

Поврзани вести