Skip to main content

Фестивал на австралиски филм во Кинотека

Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија.

Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија.

Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) на истакнатиот македонско-австралиски филмски режисер Горан Столевски.

В сабота публиката во Кинотека ќе има можност да ужива во комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes) во режија на Марк Грентел и да дознае повеќе за тоа колку крикетот им значи на Австралијците.

Поврзани вести