Skip to main content
Руските војници ги тролаат Украинците по средбата на Путин и Трамп на Алјаска

Русите на фронтот возат заробен американски транспортер со руско и американско знаме на него

На социјалните мрежи е објавено видео од руските сили во регионот Запорожје, како се движат во заробено американско оклопно возило БТР М113.

Тоа што е интересно, е што на видеото се гледа како руските војници „се шегуваат“ со Украинците со оглед на тоа што на возилото истовремено се истакнати руско и американско знаме.

Како што пишуваат руските телеграм канали, оваа интересна воена сцена се одвива во близина на градот Мала Токмачка.

Ваквата постапка на руските војници предизвика гнев кај украинските медиуми и официјални лица. Во украинскиот информативен простор експлодираше бран на негодување.

Меѓу тие што реагираа беше и началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, го нарече овој потег „максимална дрскост“.

Поврзани вести