
Седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа излегуваат на виделина „придобивките’“ од она што го договорија Заев и Ципрас а го потпишаа Димитров и Коѕијас. Она што сите го говореа дека договорот е едностран и со обврски само за едната страна се потврдува во пракса..

Од сите точки во овој договор, Грција исполни само една, а тоа дозволата Македонија да стане членка на НАТО. И толку. Друго Грција не исполни ништо. Се си остана по старо,додека Македонија смени се што можеше да се смени, од имиња на автопат и аеродром, институции, до брусење на шахтите.
Грчките власти, без разлика дали претходната на Сириза или сегашната на Неа Демократија не дозволуваат ни „М“ од Македонци или македонски јазик во Грција. Минатата година Апелацискиот суд во Кожани, Грција, ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, откако претходно тамошниот суд на 27. јули 2022 година, ја донесе, а потоа на 16. март 2023 година, и ја потрвди законитоста на регистрацијата на Центарот.
Првите луѓе најавија дека ќе се жалат до Судот за човекови прави во Стразбур, но нема информации дали процедурата е започната.

Минатата недела пак во близината на Лерин локалите власти забраниле одржување фестивал на нашинците само затоа што требало да се говори и пее на македонски јазик.
Дека ова ќе се случува можеше да се предвиди и кога се потпишувањето на Договорот од Преспа, поточно од членот 7 според кој постојат два вида на Македонци.
Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство, стои во Преспанскиот договор.
Игор Чавески