Skip to main content

СП 2026: Здравствени проблем за швајцарскиот селектор пред дуелот со БиХ

Селекторот на швајцарската репрезентација Мурат Јакин се соочува со здравствени проблеми и од таа причина неизвесно е дали вечерва ќе биде на клупата на дуелот против Босна и Херцеговина. Според швајцарските медиуми Јакин не се чувствувал добро, не можел да спие и имал здравствени проблеми поврзани со вирус.

Ова може да биде клучен натпревар за двете репрезентации особено што и двете во дуелите од првото коло одиграа нерешено и освоија по еден бод. Швајцарија одигра нерешено 1:1 со Катар.

Ова не е првпат Јакин да биде болен кога престојува во САД. Слично беше и лани кога со швајцарската делегација бараа локација за кампот на репрезентацијата.

Инаку, Швајцарија и на претходното првенство имаше проблеми со здравјето на играчите, кога неколкумина од нив пропуштија неколку натпревари.

Натпреварот Швајцарија – Босна и Херцеговина се игра вечерва во Лос Анџелес со почеток во 21 часот. 

Поврзани вести