Skip to main content

Атентатот врз претседателот Глигоров беше смислен акт за ликвидација на ВМРО ДПМНЕ и Македонија

Во оваа колумна ќе се обидам да изнесам некои свои скромни видувања, произлезени од лични доживувања, за кои сигурно знам дека се познати, па оттаму ми е чудно што не се споменуваат.
На Прашањето, зошто сега после 30 години, се преплетуваат два различни одговори, но во ист контекст.
Прво! Многу чудно, после 30 и повеќе години, повторно се актуелизира атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, без да се има било какви нови сознанија или факти и докази.

Реториката, приказните и негодувањата за можниот нарачател, организатор и извршител се во втор план освен само кога се сатанизира ВМРО-ДПМНЕ и улогата на оваа најголема и најмакедонска партија, во тенденциозните упатувања, укажувања и само заклучоци, тотално погрешни, без трошка вистина, бесрамно обвинета од таканаречените истражители на “вистината“ и самоповикани експерти и професионалци докажани врвни прикривачи на вистината како нивно наследно ексклузивно право.
Одговорно тврдам, дека никој ништо, за таа голема лична, човечка, политичка трагедија и срам што ги доживеавме како држава и нација ниту знаеме ниту пак некогаш ќе дознаеме. Нема да се знае не по 30 години, туку ни после 30000 години.

Дополнително мислам, дека покрај искрените намери, на поединци честити луѓе коишто се обидуваат барем малку да фрлат светлост на овој терористички акт, за кои изразувам почит, сето останато од многумина е чист егзибиционизам.

Главната поента е повторно да се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

Неумесните и тешко навредливи тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот лидер господинот Љубчо Георгиевски, сме биле опасни за МАКЕДОНИЈА се крајно бесмислени, би рекол смешни.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш беше главен промотор и реализатор на независноста, самостојноста и демократизацијата на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и одбранбен бедем, од секој вид непријател, домашен и надворешен.

Таа наша максима, идеја и кауза датира од 1893 година. СОЛУНСКИОТ ИЗВОР на инспирација е главна ѕвезда водилка и преставителка вткаена вечно во нашето ДНК живеење, постоење, создавање и опстанок.

Но, мотивите се јасни, повторно да се компромитира ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја води успешно МАКЕДОНИЈА, на избори ништо не ни можете, лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ја трансформира МАКЕДОНИЈА од ранета, болна, беспомошно легната во постела со рани нанесени од вас МЕКОТЕЛЦИТЕ како со право ве нарекува, ја подигна високо, ја исправи, цврсто и непоколебливо чекори полна со живот и кондиција спремна да победува во секој натпревар од Европската Лига и да излезе како победник.

Тоа ве боли вас ДУШМАНИТЕ.

Вашата истрошена, безнадежна крпа од парола, не врви кај народот дека: “Атентатот го направија децата и внуците на Ванчо Михајлов“ и е будалеста.

Да, ние сме нечии деца и внуци, на светоста, на нашата земја МАЈКА МАКЕДОНИЈА.
Атентатот на Киро Глигоров веројатно го извршивте вие, децата и внуците на Светозар Вукмановиќ – ТЕМПО, најголемиот крвник и џелат на МАКЕДОНСКИОТ ЦВЕТ и на младоста на НЕЗАВИСНА СУВЕРЕНА САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.

Второ, зошто сега. Мојот даден завет на претседателот Киро Глигоров да молчам 30 години за една средба што ја имавме и до ден денес не знам зошто тоа го побара од мене, кога за атентатот немаше ни збор.

Еден месец и половина после неговото враќање на кормилото на државата после атентатот ме викна кај него во кабинет и ми го рече следното:

“Ете Ламбе бидна и тоа, ама нашите македонски глави се многу тврди.“

Потоа разговорот се сведе на куртоазија, како сте дома, фамилија, дали се бањам в езеро во зимото и други вообичаени неважни муабети. Ниту еден збор за неговата трагична судбина. Само кога станав да си одам ме замоли, посака да поживеам подолго и за оваа средба 30 години да не зборувам.

Тој рок на завет на молчење помина и еве денес повторно тврдам дека ништо ново нема во врска со случајот.

“Ете Ламбе бидна и тоа“ да разјасниме.

Јуни месец 1994 година после големи напори, усилби, понижувања, јас како член на Комисијата на Земји не-полноправни членки на Советот на Европа, со силна поддршка на двајцата колеги од Делегацијата Никола Попоски, Мухамед Халили и секретарот, извонредно заслужен за овој процес, Никола Тодороски успеавме да ја донесеме во Охрид целата делегација од Советот, околу стотина луѓе на чело со претседателот и пред целокупниот тогашен државен врв да ја претставиме нашата зрелост за полноправна членка, матура.

Бидејќи дотогаш често бев предмет на потсмев и јас и мојата Татковина, па на овој последен состанок, излегов од протоколарните принципи и ги повикав со следната порака:

“Познато е дека во рајот нема место за политичари, ве поканувам да дојдете во Охрид и да го видите рајот пред да умрете.“

Претседателот во своето обраќање во името на Советот на Европа рече дека, повеќе на шега дека Ламбе е во право, ова е вистински рај и заради таа реченица дојдовме. После тоа во утврдените термини куси, ја постигнавме целта.

Е, сега зошто ова го кажувам.

Некаде крајот на август истата година ме повика претседателот Глигоров и ми рече:

Ламбе, организирани ти се 7-8 настани каде што ќе бидат присутни сите политички фактори државни и асоцијативни на Европа и Светот, од Атина преку Женева, Париз, Лондон и Брисел.
Ми кажа која ми е задачата и ме замоли следното:

Јас знам дека имаш фотографска меморија, те молам ништо да не пишуваш и кога ќе се вратиш, во било кое време, дење или ноќе, веднаш да дојдеш и да ми кажеш што, каде и која е позицијата на нашата земја во очите на факторите на одлучување.

На одење го прашав: Зошто Јас?
Само јас знам зошто и повеќе не прашувај.

Само четири, пет беа протоколарни, другите сите беа кулоарни и беа многубројни. Поразговарав, и од на нога, и во ходниците и лобито со пратеници, министри, сиви еминенции, со тројца премиери и двајца претседатели.

Сознанијата нема да ги изнесам од оправдани причини, му ги пренесов на Глигоров кога дојдов, беа не катастрофални, туку апокалиптични.

На тоа претседателот возврати: “Чаре?“, излез. Излез – нашите традиционални пријатели – СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ и со многу позитивната улога на Обединетото Кралство при рушењето на Лисабонската декларација за сериозен сојузник.

Процесот на свртување на политичката ориентација благо Глигоров ја имаше започнато но во периодот што следеше силно се зацврсти.

Случајно или не, еден месец по средбата, јас авторот на оваа колумна бев уапсен од Управата за државна безбедност во Охрид на пазарен ден пред стотици луѓе.

Да не ве замарам со поединости што и како, бев обвинет дека СУМ ГЛАВЕН ОРГАНИЗАТОР на атентатот на претседателот 11 и пол месеци пред да се случи навистина. Ми беше даден лист на кој требаше да напишам имиња, средства, начин и што ли не друго. Прво беше смешно шокантно. Но кога проработи интуицијата, ми станаа неколку работи јасни.

Прво: Јас, крајната периферија и без никакво значење. Воопшто неважен.

Второ: Вешто поставена стапица за моја политичка партија ВМРО-ДПМНЕ да се дискредитира и распушти. Да се отстрани последниот бедемот на одбраната и заштитата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да се создаде хаос и безредие и да се отвори патот на непријателот за уништување на македонската држава и исчезнување на македонскиот народ.

Трето: Мудро да се обезбеди однапред алиби.

Четврто: Најтешко и најпоразително. Без око да им трепне, немање милост за жртвата без оглед кој е и што е. Свесно одбрана институционална личност , Претседател на Држава. Смислено гневот и омразата од народот да се навлече на ВМРО-ДПМНЕ која за ништо не е виновна.

Неколку часа траеше безуспешно “убедувањето“ за на крај да бидам однесен во друга соба и да одговорам на телефонски повик.
Се јави министерот Фрчкоски со следните зборови: Ламбе! Овие моиве по грешка те бутнале унутра и си слободен.

Јас му одговорив дека не излегувам дури писмено не ми дадат зошто така постапија.

После 15 минути се јави и Претседателот на Собрание Стојан Андов и ме убедуваше да излезам, оти во овој специфичен момент за иднината на Македонија, не е добро. Го одбив и него со зборовите дека за тоа требало порано да мислат.

На крај се јави, директно без посредник, Глигоров и ме праша Што е таа работа. Го прашав дали е добар и му кажав дека сум овде заради атентатот што го подготвувам врз тебе. Одговорот беше: “Да видам не верувам“ и од кога не помогна и неговото ангажирање, јас излегов после интервенција на Советот на Европа.

Овде има еден навидум безначаен момент но всушност многу важен.
Моето апсење се случи меѓу двата круга на парламентарни и претседателски избори 1994 година на кои и јас бев кандидат за пратеник. Но, поради отсуство кога се сликавме за пропаганден материјал, постер јас не бев тука и во Охрид сам, кај пријател, направив плакат со помали димензии во црно бела техника, каде што зборувам на седница во Стразбур, а логото ми беше следно:
“ДА ЗНАЕ ЕВРОПА, ИМА МАКЕДОНИЈА“

Таков плакат ми беше предочен, што го симнале од многуте поставени и залепени по цел град и бев окарактеризиран како следбеник на црната историја, осведочен Анархист и терорист, нешта што сé уште ги влечам како црна дамка врз себе и мојот живот.

После сите оди настани, два три дена после моето апсење и монструозно обвинување, интересирајќи се случајот повторно бев повикан кај Претседателот.

Му предочив сé и му порачав да го зајакне личниот безбедносен систем и ми призна дека од овдешни искрени пријатели и меѓународни разузнавачки служби има такви можни закани но не се сериозни.

На крај сакам, ве уверувам почитувани читатели дека сé е точно од збор до збор. Денес е лесно сé да се провери со оваа технологија, а има живи сведоци и вистинити сведоштва на искрени пријатели. Целта не ми беше моето ЕГО.

Во прв ред ја ставам својата девиза.

Додека другите измислуваат ЛАГИ, јас ја кажувам ВИСТИНАТА.

Вистината е таа, една и единствена:

ВМРО-ДПМНЕ Е МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ВМРО-ДПМНЕ

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЛАВОТ МАКЕДОНСКИ

И повторно за ОПАСНИТЕ:

Ние ВМРО-ДПМНЕ сме опасни. Опасни сме по домашните и странски непријатели на Македонскиот Народ и Татковината МАКЕДОНИЈА.
Вие бевте опасни по нашиот Народ и Татковината, ама ние ВМРОВЦИТЕ ве направивме апсолутно безопасни.

Поврзани вести