
Вардар не успеа да го направи невозможното, да го победи Монпеље со над 10 разлика и да се пласира на Фајнал форот во Лигата на Европа. Конечен резултат 27-24
Вардарци ја имаа прекрасната публика во “Јане Сандански”. Оптимизмот не ги напушташе и 60 минути беа со своите миленици. Тие им возвратија со добра игра и мотивираност. Имаа и плус шест и напад за 7 разлика.
Но тоа не беше доволно бидејќи играа и против Монпеље и против судиите кои со чудни одлуки им подарија барем два пенали на гостите. Затоа од публиката се слушаше добро познатото “ЕХФ мафија”.

Сепак, ова е успешна сезона за Вардарци а веќе задутре го играат мечот за титулата во домашното првенство против Пелистер.

Македонски



