Skip to main content

Уапсен риболовец во Струга бидејќи незаконски ловел крап

Вчера полициски службеници од ОВР Струга вршејќи редовна контрола во близина на „Дрвен мост“ кај истекот на река Црн Дрим во Струга го лишија од слобода М.Ч.(45) од Струга, поради тоа што во негова близина била пронајдена риба-крап и средства за ловење, односно трска со канџа.

Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ по чл.229 од КЗ, а за време на строга забрана за лов на риба, која важи во период од 15.05.2026 до 15.06.2026 година.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести