Skip to main content

Елиминирана е заканата од експлозија на резервоарот со хемикалии во Калифорнија, соопшти противпожарната служба

Фото: Принтскрин од видео/abc7

Заканата од експлозија на резервоарот со хемикалии, која можеше да доведе до загадување на воздухот во населена област во Калифорнија, е „елиминирана“, соопштија денеска противпожарните служби, пренесуваат светските агенции.

И покрај тоа, околу 50.000 луѓе кои беа евакуирани сè уште немаат дозвола да се вратат во своите домови.

– Заканата од експлозија е елиминирана – изјави во видеообраќање началникот на локалната противпожарна служба, Ти Џеј Мекгаверн.

Од петокот, резервоар кој содржи околу 26.000 литри метил метакрилат – запалива течност што се користи за производство на пластика – се закануваше да се излее во околината или да експлодира во близина на станбени квартови во Гарден Гров (Garden Grove), населено место во Оринџ Каунти. 

Досега властите не соопштуваат за повредени лица и сè уште ја немаат објавено причината за инцидентот.

Метил метакрилатот предизвикува иритација на кожата, очите и слузницата кај луѓето. Исто така, може да предизвика респираторни и невролошки реакции при долготрајна изложеност на неговото дејство.

Поврзани вести