Skip to main content

Хоџа – Јумакли: Зајакнување на билатералната соработка со Турција

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска имаше средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Ибрахим Јумакли, домаќин на 5-тиот Меѓународен форум за води, кој се одржува во Истанбул.

Разговорот беше насочен кон конкретни можности за унапредување на билатералната соработка, особено во делот на модернизација на системите за управување со води, јакнење на капацитетите и користење на современи пристапи во справувањето со климатските ризици. Беше нагласена и улогата на регионалните иницијативи како платформа за побрза размена на знаења и практични решенија, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Министрите се согласија дека континуираниот дијалог и институционалното поврзување се клучни за постигнување видливи резултати, при што ја истакнаа подготвеноста за продлабочување на соработката преку активности од заемен интерес.

Поврзани вести