
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се пошегува за голманската позиција пред првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против Монако.
– Не знам дали очекувам тивка вечер. Можеби ќе играме без голман. Ниеден голман не сака да игра против Монако, изјави Енрике за „Footmercato“.
Шегата на Шпанецот има основа во реалноста. Голманите на ПСЖ редовно се повредуваат на натпреварите против Моначаните. Минатата сезона, Џанлуиџи Донарума го повреди лицето по опасен старт. Во сезоната 2025/26, Лукас Шевалие го повреди глуждот против Монако. По повредата на францускиот голман, рускиот голман Матвеј Сафонов цврсто ја презеде голманската позиција за Парижаните.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Монако ќе се игра вечер од 21 часот во Монако на стадионот

Македонски



