
Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова.
По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка Тереза‘‘ – Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно, вели Арсова во писменото соопштение.
Посочува дека во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти, една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете.