Skip to main content

Филмот „Кралство“ го отвори Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“: Да живее Македонија, да живее Корзика, порача режисерот Жилиен Колона

Свеченото отворање на Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“ вечерва се одржа во киното Синеплекс во присуство на бројни птерставници на културниот и политичкиот живот на земјава, дипломати и вљубеници во филмската уметност.

По девет години отсуство фестивалот се врати за да ја поддржи современата кинематографија. Годинава одлучивме да ја славиме Корзика-земја чија кинематографија е извонредна. Имаме цела нова генерација на режисери, актери и продуценти кои предлагаат еден навистина уникатен поглед на општеството, историјата и пејсажите на Коризика и со тоа придонесуваат за обновата на француската кинематографија, рече Грегоар Жислер, директорот на Францускиот институт во Скопје, кој им е заблагодари на гостите од Корзика го со своето присуство ја збогатија свеченоста.

Фестивалот се организира во соранотка на амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот институт во Скопје, Агенцијата за филм и амбасадата на Македонија во Франција.

Целта на овој фестивал е да и дадеме можност на македонската публика да се запознае со француската кинематографија, но и ќе се организираат и професионалени средби во Агенцијата за филм, и на Факултетот за драмски уметности, ќе се снима и емисија и се надеваме дека од сето тоа ќе произлезат и некои понатамошни соработки, рече Грегоар Жислер

Директорот за Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски рече дека му е драго што по девет години пауза повторно се отвора фестивалот на француски филм бидејќи, како што рече има посебно значење за нашата кинематографија.

Овој фестивал не само што ќе покаже филмови кои се надевам дека ќе ги инспирираат следните генерации филмски работници, туку и ќе го продолжи културниот дијалог што Македонија го има со Франција. Францускиот филм има големо учество кај македонскиот филмски работници не само како инспирација, туку и како соработка и затоа ми е голема чест што тоа ќе го славиме овие неколку дена, рече Мицевски и посака успешни проекции и го отвори фестивалот.

Ова издание на Фестивалот на француски филм ќе трае од 17 до 20 јуни, е посветено на современата француска филмска кинематографија, која се одликува со креативност, автентичност и динамика и е една од најинтересните гласови на европската кинематографија.

Публиката ќе има можност да погледне четири значајни  филмски остварувања, но и единствена можност за средба со режисерите и актерите. 

Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе се сретнат со македонската публика по проекциите, а нивното присуство ќе придонесе фестивалот да биде не само филмски настан, туку и простор за размена и дијалог.

Вечерва на присутните на свеченото отворање им се обрати режисерот на филмот „Кралство“, Жилиен Колона, кој на крајот ги позрави присутните во салата со: Да живее Македонија, да живее Корзика!“

Покрај проекциите, во рамките на фестивалот се предвидуваат и професионални средби на француските синеасти со домашните филмски професионалци и со студентите од Факултетот за драмски уметности.

Ова е филмската програмата:

Среда, 17 јуни · 19:00 · Синеплекс
Свечено отворање со филмот „Кралство“ (Le Royaume) на Жилиен Колона и разговор со режисерот

Четврток, 18 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Фотографка“ (À son image) на Тјери де Перети и разговор со режисерот

Петок, 19 јуни · 19:00 · Синеплекс
„Мохиканец“ (Le Mohican) на Фредерик Фаручи, со Алекси Мананти во главната улога и следи разговор со режисерот и актерот

Сабота, 20 јуни · 20:30 · Кинотека
Проекција на отворено на филмот „Грабнување“ (Le Ravissement) на Ирис Калтенбек.

Поврзани вести