![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/462565912_581919301124793_5877080572570319456_n-1024x768.jpg)
“Гломеруларни болести: Глобална тивка епидемија и хронична бубрежна болест” е темата на која денес се одржа стручна едукативна секција на Медицинскиот факултет во Скопје, а во организација од Македонското здружение на нефрологија при Македонско лекарско друштво.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/462568379_3483757268585497_7645714412924168590_n-1024x768.jpg)
Воведен збор на дискусијата имаше вонреден професор Павлина Џекова. Џекова се заблагодари на сите учесници и чинители во македонската нефрологија и им посака успешна и плодна работа.
Професор доктор Ѓулшен Селим, претседателот на Здружението исто така ги поздрави сегашните, минатите и идните нефролози.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/462585031_873730857947070_4895662328809227827_n-1024x768.jpg)
Според специјалистите од оваа област ова претставува само еден почеток за тоа што следи во наредниот период, а во насока на втемелување на важноста од нефрологијата во здравствената грижа на пациентите во нашата држава.