
Точно е дека метаболизмот игра голема улога, но ништо без навиките до кои се придржуваат. Личните тренери велат дека постои една посебна навика која секој може да ја спроведе и која спречува многу луѓе да се здебелат. Тие им препорачуваат на сите да го почнат денот на овој начин.
Јадењето хранлив појадок, богат со протеини, може да ја намали желбата за храна и да ви помогне да останете сити подолго време“, советува тренерот Наталија Васке.
Со други зборови, појадокот кој е исклучително богат со протеини е најдоброто нешто што можеме да си го дозволиме за да го почнеме денот.
Вашиот прв оброк ја поставува основата за вашиот шеќер во крвта и енергијата, која е поврзана со волјата и донесувањето одлуки“, рече тренерот Џејсон Сани.
Неговата препорака е појадокот да се состои од протеини, влакна и здрави масти.
На пример, тоа може да бидат јајца со тост, овесна каша со јаткасти плодови и овошје или грчки јогурт со бобинки и семки. По ваквите оброци на почетокот на денот, ќе останеме подолго сити и ќе ја намалиме веројатноста за прејадување во текот на денот.
Многу луѓе сакаат да јадат сладок појадок, а д-р Крис ван Тулкен истакна дека слаткиот појадок води до помала циркулација на енергија и чувство на замор, глад и зголемена желба за храна.
Со префрлување на појадок со повеќе протеини, како јајца, здрави масти (авокадо или масна риба), како и влакна од зеленчук, телото би добило постабилна енергија и би го избегнало нејзиниот нагло опаѓање.