
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска на средба со новинарите изјави дека повеќе од 10 години е одлучено да се зголемат цените за основниот специјалистички пакет, и за интернистички пакет.
Клековски појасни дека специјалистичкиот преглед досега беше 380 денари.
„Зголемувањето сега е на 720 денари“, изјави Клековски, и додава:
„Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 проценти во јавниот и 20 проценти во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари. Ќе има симболично зголемување на партиципацијата, и од 40 ќе изнесува 60 денари“.
Клековски исто така рече дека матични лекари ќе бидат казнувани ако надминуваат квота.
„Го зголемивме вреднувањето на матичните лекари минатата година, и сега очекуваме и од нивна страна зголемена одговорност. Тоа значи дека ќе бидат казнувани ако се надминат квотите за препишување на антибиотици и анксиолитици. Сега само за тие две групи имаме ограничување за препишување“, рече Клековски кој додаде дека втората мерка која се планира е Е-рецепт, за кој вели дека во основа треба да обезбеди позадинска контрола на индикациите и дозирањето, бидејќи ние во основа имаме загуба и во несоодветно препишување, меѓутоа и несоодветно препишување во смисла на дозирање, издавање поголеми колични што се неопходни.

Македонски






