
Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија по спроведена ревизија од страна на сертифицирано тело се стекна со меѓународен сертификат за исполнување на одредени стандарди.
Имено, Институтот од страна на MQS, сертификационо тело кое е регионален парнер на Австриското национално сертификационо тело, дел од International Quality Network за Македонија се стекна со интернационално признат сертификат за исполнување на барањата на ISO 9001:2015 стандардот.

Сертификатот опфаќа неколку дејности производство на радиоизотопи и радиофармацевтски препарати, здравствена дејност во полето на нуклеарната медицина и радиологија-дијагностика на метаболни и функционални промени со позитронско-емисиона томографија (ПЕТ/КТ), научно-истражувачка дејност, едукација и обука во полето на нуклеарна медицина, радиологија, радиофармација и медицинска физика.
