Skip to main content

Стајиќ ќе ги покрие трошоците за престој на семејствата на повредените во несреќата во Кочани хоспитализирани во Ниш и Белград

Како почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, одлучив да ги покријам трошоците за престој на семејствата чии најблиски, повредени во несреќата во Кочани, се хоспитализирани во болниците во Ниш и Белград, во Република Србија, соопшти Владимир Стајиќ преку „Фејсбук“.

Посакувам брзо закрепнување и многу сила за сите кои поминуваат низ оваа голгота. Во овие тешки моменти, најважно е да покажеме солидарност. На сите на кои им е потребна помош, ја споделувам електронската пошта на Почесниот конзулат: office.rs@hc-ku.com

Поврзани вести