Skip to main content

Некаде до 38, во Скопје до 37 степени целзиусови, а некаде поројни дождови во попладневните часови

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со локална мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има изолирана нестабилна состојба со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во опсег од 11 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, додека максималната ќе достигне 37 степени.

Поврзани вести