Skip to main content

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење.

-Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.