Skip to main content

Најголемото празнување на Голема Богородица ќе биде во манастирот Пречиста Кичевска

Соборното празнување на бигорската монашка заедница на празникот на Сечесното Успение на Мајката Божја (Голема Богородица), ќе биде во манастирот Пречиста Кичевска, во пространиот и величествен храм посветен токму на Мајката Божја, каде што во текот на изминатиот период се создадоа прекрасни услови за со особена радост и торжество да се слави овој најголем Богородичен празник, објави Бигорски манастир.

Бдението во Пречиста ќе започне вечерва во 22:30 часот, додека Божествената Литургија, утре на денот на празинкот ќе започне околу 7 часот изутрина.

Поврзани вести