Skip to main content

Турист во Грција си доби 250 евра казна за возење СУП-даска без елек за спасување

Туристи беа казнети со 250 евра за користење СУП-даска без елек за спасување на грчкиот остров Лимнос. Како што наведуваат, тие не знаеле дека носењето елек е задолжително, ниту пак биле претходно предупредени.

Доколку планирате ваква рекреација во Грција ова лето, задолжително проверете ги локалните прописи и користете елек за спасување за да избегнете висока казна и да останете безбедни на вода.

Ова се правилата за користење на СУП-даска во Грција:

  • Забрането е за лица под 14 години и лица кои не знаат да пливаат;
  • Пловењето е дозволено само преку ден, на растојание до 500 метри од брегот и само под поволни временски услови;
  • На даската може да биде само едно лице, а носењето елек за спасување е задолжително;
  • Корисниците се должни да внимаваат нивното движење да не ги загрозува капачите и другите учесници на водата;

Видео тука

Поврзани вести