
Принцот Чарлс (77) и кралицата Камила (78) моментално се во официјална посета на САД, каде што учествуваат на бројни официјални настани и церемонии организирани по повод нивната посета, а за една од средбите на кралицата особено се зборува. Имено, во Јавната библиотека во Њујорк се одржа настан посветен на читањето и литературата, организиран од нејзиниот литературен клуб „Читалната на кралицата“, каде што Камила повторно се сретна со актерката и ѕвезда од серијата „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер (61), со која претходно се дружеше во Лондон кон крајот на минатата година.
Во оваа пригода, актерката отворено зборуваше за важноста на читањето, нагласувајќи како односот помеѓу читателот и книгата ја обликува личноста и ги проширува хоризонтите. Како долгогодишен застапник, љубител и промотор на литературата и основач на сопствениот издавачки проект, Сара ја дели истата страст и љубов кон книгите со кралицата што ги поврзуваше.

Македонски


