Skip to main content

ЕСДЕСОВЦИ! Да даде ГОСПОД поарен од Рубин Земон да не видите

На почетокот една топла препорака до “раководството“ на квислиншката врхушка на актуелното членство, МАЛУБРОЈНО ваше:

Рубин Земон да ја предводи делегацијата од СДС и да положи венец и цвеќе на гробот на ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ во понеделник на 4ти мај, денот на неговото погинување, но никогаш заминување на слободарската, патриотската демократска, идентитетска едно зборна МАКЕДОНСКА идентификација со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ДРЖАВА.

Со овој “ПАТРИОТСКИ“ гест, барем еднаш за секогаш ќе ги симнете вашите гнасни маски и ѓон образи од предавничките лица затскриени, медиокритети, лицемери и радиоактивен ОТПАД од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Дефинитивно, народот направи разлика.

Наша МАКЕДОНСКА идентификација Е големиот, вечно внедрен во нашите срца и души, МАКЕДОНСКИ, еден и единствен, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ.

Вашата идентификација, онаа на актуелното СДС, за голема жал и тешко разочарување кај граѓаните е РУБИН ЗЕМОН.

Ќе повторам, поарен да не видите, зошто само таков одгледан во вашите штали сега, а некогаш државотворни јасли, заслужувате.

Рубин, зборуваш за пишување научни трудови и други достигнувања, веројатно сам себеси вреднувајќи се.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ се вклучи во ослободителното сенародно движење на 21 година, загина на 31 година.

За десет години направи за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и за сите идни поколенија повеќе од многу признати светски лидери кои што не би направиле и за 10 животи просечни.

Ти, што имаше и кој труд го имаш издадено на 21 година или 31, во услови далеку поблагопријатни од колку тешкото ропско време во кое живееше ГОЦЕ.

Услови, би рекол, идеални за мене, за тебе неблагодарнику и за сите, услови што ТОЈ, ГОЦЕ ги почнал и ги вградил во општеството, препознатливи и денес и за вечни векови.

Сето твое “научно творештво“ Рубин споредено, со едноставен пример, народен патриотски без наука и пишување со доприносот на господинот МИТКО АНАСТАСОСКИ-ВРАПЧЕТО знаеш на што е равно, на НУЛА (0), голема и тешка како тебе.

Многу тешко ми паѓа и дополнително сум разочаран Рубин, ги познавав твоите прекрасни родители, честити и дружељубиви, не верував дека овие тешки идентитетски навреди ќе дојдат од тебе.

На улица ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ живеевте, таа главна трансверзала на чудесниот и волшебен ОХРИД, лево и десно се одвојуваат уште две големи улици на уште поголеми личности од тебе, МАХМУТ РИФАТ и БЕЌИР АЛИРИЗА.

Ако ова не го препознаваш и фрлиш во ѓубре, ти не си никаков научник, поточно ти не си човек. Сите заедно, јас со твоите родители, со тебе и со сите граѓани на најголемата улица и реон (МААЛА) живеевме, живееме и ќе живееме ВЕЧНО ЗАЕДНО без оглед на различната припадност: НАЦИОНАЛНА, ВЕРСКА, РАСНА или ПОЛОВА.

Ете тоа е НАЈГОЛЕМОТО што ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ нѝ го подари и нѝ го остави во АМАНЕТ засекогаш да сме ЗАЕДНО.

Секако без тебе и таквите како тебе РАСИПАНИ ЈАЈЦА.

На крај, се фалиш со многу пријатели во Бугарија.

Немаш ниту еден.

Тие не ти се пријатели.

Тие ти се РАБОТОДАВАЧИ.

Пријатели можеш да имаш таму каде си роден, живееш и си почитуван. Сега, ти не си ниту едно од тоа.

Прв повторно ќе ти бидам пријател, доколку искрено и само во твое лично име му се ИЗВИНИШ, ДЛАБОКО до ЗЕМЈА на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Ти и таквите како тебе не се трудете залудно.

Аманетот на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ живее вечно во нас ВМРОВЦИТЕ. Секој наш ЛИДЕР е живиот ГОЦЕ, особено ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кој ни за милиметар не отстапува од наследството ГОЦЕВО и автентично го продолжува и го вградува во секој МАКЕДОНЕЦ и секој честољубив патриот, граѓанин на нашата татковина заедничкиот топол дом за СИТЕ.

Поврзани вести