Skip to main content

Незгаснатата жед за власт ја убива вистината

А, вистината е таа!

Драги есдесовци, за никаде сте. На сите им е јасно дека не вредите ништо, дека сте долу, најдолу запечатени и оцрнети на вашиот празен казан, а вие уште упорно и понатака го држите на оган додека ви изгоре и самиот казан, за вие неколкумина, казанџии недоветни, неспособни, самобендисани тврдите дека вадите лута ракија, а производот ви е препир за бришење стакло и прашливи прозори.
“Мајстори“ сте за производство на БРЛЈА. А таа, ај што не е вкусна и корисна, туку е и отровна и за духот и за телото, па затоа никој не ја пробува.

Години и години наназад сами се устоличувате над останатите во нашата татковина, презирајќи и понижувајќи ги останатите, сите повредни и попаметни, од вас самопрогласените интелектуалци од прва категорија, всушност цепеници од најтврдото дрво дафино кое што не служи за ништо, па затоа користам прилика да ве потсетам на една народна мудрост, односно да ви ја доловам бидејќи убеден сум дека вие незнајковци никогаш не сте ја чуле.

“Целиот свет да те сака, дома ако не те сакаат, ти си најбезвредниот на светов.
Цел свет да те мрази, а дома да те сакаат, ти си најбогатиот на свет.“

За да се работите појасни за оние кои што разбираат, односно за мудриот народ, вистината е следна:
ВМРО-ДПМНЕ сплотен нераскинливо со граѓаните на МАКЕДОНИЈА и со достоинствено взаемно почитување и разбирање ОРГАНИЗАЦИЈАТА е најбогата бидејќи е најсакана, таму каде што треба дома, меѓу своите, во самоникот. Затоа и тука ве водиме 10:1 со евидентно јасна препознатлива тенденција разликата и понатака да расте.

Вас ЕСДЕСОВЦИТЕ дома половина од народот не ве сака, дваесет проценти се луѓе кои што сте ги репресирале, ве мразат, зошто само репресијата ви е дипломска работа што ја имате завршено со чиста десетка (10), дваесет и пет (25) проценти ве сожалуваат и истовремено ви се потсмеваат, а останатите пет (5) се со вас од проста причина што никој не ги сака во своите редови, чисти поминати низ катарза, за да си дозволат луксуз да примат кон себе такво докажано ЗЛО.

И, што ви преостанува?

Надвор, каде што мислите не ве познаваат. Арно ама лошото надалеку се слуша. Сега од немајкаде сте се фатиле за СТАПОТ на ОРБАН, небаре тој овие два дена чувствувам дека станал Претседател на Есдеесовците, дека од него ќе почнете да се опоравувате.

Тешко вас, на што спаднавте и на што се надевате.

Ама баш никаква врска нема со вашата бедна и безнадежна состојба, апсолутно исто како што се обидувате деновиве леејќи крокодилски солзи за уште една тешка губитничка, професионално затскриен апаш во новата но единствена терминологија употребена во Македонија ЛЕНЧЕОБВИНИТЕЛСТВО.

Сите СОЈКИ – кратенка од Специјалните јавни обвинителки наречници што обвинуваа, судеа и пресудуваа по нарачка. Само тамо не знам за што ќе се фатите, полека но сигурно една по една заминуваат, свесни дека најдолгиот, најтежок и најнеизвесен пат допрва ги чека.

ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНА СРЕДБАТА НА ЏЕЛАТИТЕ СО НИВНИТЕ НЕВИНИ ЖРТВИ.

Надвор сте од играта.

Вие сте малите дечиња додавачи на топки покрај аут линијата на големите стадиони каде што ние ВМРОВЦИТЕ се натпреваруваме во најсилната Лига на Европа и Светот, и сега, на ваше разочарување, гнев, завист и омраза, победуваме.

Победува НАРОДОТ кој што вие одроди толку многупати сте ги предале, понижиле, омаловажиле. Народот е мудар. Секогаш знае да ја одбере правата страна.

Сега тоа со изборот на ВМРО-ДПМНЕ предводено од ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ за верен и вечен сојузник преплетени во едно тело и еден дух, трајно е оспособено својот народ и својата татковина, ни за милиметар не отстапувајќи од нашата КАУЗА, повеќекратно да ја зголемиме нашата вредност која и до сега за непријателите не беше достижна.

А вие, ЕСДЕЕСОВЦИТЕ, продолжите да живеете и понатака во облаци таму каде што гласот на народот не допира.

Ќе видите каде ќе стигнете! НИКАДЕ !!!

Поврзани вести