Skip to main content
sJSJqZUGA44

Ципрас се врати во политиката со нова партија, останува да се врати уште Зоки и друштвото од Преспа е комплетно

Знаете ли дека партијата на Румен Радев отвора задграничен комитет во Македонија. За претседател едногласно е избран Венко Филипче, лидер во сенка во СДСМ. Заслужено. Бугарскиот премиер немаше дилеми кому да му ја довери партијата во Македонија, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Филипче покажа како се бори за бугарските позиции. Нема прес конференција да не го пофали Радев и политиката на Бугарија кон Македонија. Може СДСМ ќе доживее нов дебакл со Венко на изборите во Македонија, ама позитивна Бугарија на Радев со Филипче позитивно ќе изненади. Оние околу Филипче гарант ќе гласаат за Радев, тие се научени да имаат газда, дали од Брисел или од Софија сеедно.

Венко мисли дека ние имаме сеќавање на рипка па не знаеме кој го потпиша францучкиот предлог и договорот за непријателство со Бугарија и ова прашање од билатерално стана европско.

Францускиот предлог кој Таче не го прифаќаше два-три дена ни врза јамка околу вратот никогаш да не станеме членки на ЕУ се додека не ги прифатиме бугарските барања дека Македонци постојат од 1944 година а дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. А да и дека историјата, сосе Илинденското востание сосе Гоце Делчев се Бугари. Само толку. После гарнат влагаме во ЕУ, како аморфна маса.

Алексис Ципрас формираше нова партија. Фали уште Зоки и друштвото од Преспа е комплетно, коментира авторот.

Поврзани вести