Skip to main content

Незгоден пораз на македонските кошаркари на домашен терен

 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот синоќа од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина (20:31), големиот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта.

– Натпреварот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата, изјави Берокал.

Поврзани вести