Skip to main content

Во 18 часот навиваме за македонските кошаркари

 Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го пречекува Кипар во рамките на вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.

„Црвено-жолтите“ комплетни го одработија вчерашниот тренинг, а ќе имаат полесен тренинг и утрово на денот на натпреварот.

Селекторот Жозеп Марија Берокал се соочува со повредени играчи. Валмир Какруки е надвор од конкуренција поради повреда на левиот бутен мускул, здобиена на последниот натпревар за Башкими, поради повреда, дуелот со Кипар ќе го пропушти и Андреј Андоноски.

Поради новонастанатата ситуација, стручниот штаб одлучи да испрати дополнителен повик до Дамјан Робев од Работнички.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечер од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Французинот Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе ја делат правдата на натпреварот од групата „Ф“ во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Поврзани вести