
Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, ги посети постројките за производство на нуклеарен материјал и истражувачките капацитети за развој на вооружување, при што порача дека земјата треба да се насочи кон распоредување тактичко нуклеарно оружје во различни оперативни области, јави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким истакнал дека производствените капацитети за нуклеарен материјал систематски се прошируваат и порачал дека статусот на Северна Кореја како држава што поседува нуклеарно оружје е „апсолутно неповредлив“, и покрај меѓународните повици за денуклеаризација.
Северна Кореја во 2006 година го изврши првиот нуклеарен тест, а оттогаш продолжи со развојот на своите нуклеарна и балистичка програма, и покрај меѓународните санкции и повиците за денуклеаризација.

Македонски




