Skip to main content

За 1 Мај бесплатен паркинг во Центар

По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“ ,од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2026 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат надлежните. 

Поврзани вести