
Овој колач е совршениот десерт за викендов – ќе ви ги разубави деновите за одмор и уживање
Состојки:
3 пакувања слатка павлака од 250 мл
10 крем-банани
300 г мелени бисквити
100-150 г крем по желба
300 г кисела павлака
Приготвување:
- Изматете ја слатката павлака, додајте кисела павлака и поделете ја на три дела.
- Во едниот дел додајте ги мелените бисквити.
- Во другиот дел додајте ги крем-бананите.
- Во третиот дел додајте го кремот.
- Наредете го колачот и оставете го во замрзнувач да се стегне околу 2 часа.

Македонски


