
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол.
Според официјални информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички.
На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин и се пренасочува по споредните сообраќајници.
Полицијата врши увид, по што се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои се случила сообраќајката.

Македонски


