
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, семејство и европска иднина”, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека местото на државите од регионот е во Европската Унија, како рамноправни партнери кои достоинствено ги застапуваат своите национални интереси и вредности.
Нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери – дециден е Ковачки.
Ковачки во своето обраќање потенцираше дека македонско-албанското пријателство не претставува само дипломатска формулација, туку е географска, историска и цивилизациска реалност која треба дополнително да се зајакнува преку заемна почит и соработка.
Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза туку е географска, историска и цивилизациска реалност- рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки.

Македонски


