Skip to main content

Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот,

– Во организација на ВМРО-ДПМНЕ попладнево се одржува трибина посветена на 123 години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки истакна дека Гоце Делчев е симболот на македонскиот иделизам и светецот на македонскиот романтизам, личност која живеела со универзалните човекови врдности, борец за слобода, за човечки правдини, за одговорност, за чесност… ги вреднувал трудољубивите и не правел разлика по вера и по народност. И токму таквите вредности се основа и за едно политичко дејствување и денес, а оваа генерација на политичари се труди да ги следи универзалните човечки вредности за кои се залагал Делчев.

Ковачки рече дека од историјата треба да се гледа како континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината, а оној кој има моќ да ја обликува сегашноста, може да ја обликува и интерпретацијата на историјата, а со тоа ја насочува и иднината.

– Оваа наша сегашност е нападната, беше нападната и ќе биде напаѓана. И тоа многу добро како Македонци го знаеме, посебно како ВМРО-ДПМНЕ. Тој што ја контролира сегашноста, тој може да го контролира и минатото, односно да пишува, да допишува, да брише, да додава да одзема. А тој што го контролира минатото, ја контролира и иднатата – рече Ковачки.  

Токму затоа е нападот на денешнава генерација политичари, истакна тој потенцирајќи дека токму затоа и се случуваат овие, „па дури и предавства од одредени македонски структури, кои што заедно во соработка со надворешни структури го разредуваат македонското ткиво и прават штета на сопствената држава“.

Ковачки истакна дека она кое може да се извлече од учењето на Гоце Делчев, е дека треба да се внимава на чистотата на македонското револуционерно дело.

– Македонското револуционерно дело, во тоа време, а денеска македонската политика треба да остане имуна на надворешни влијанија. Ние секогаш треба да си ги гледаме сопствените интереси, како што тоа било и за време на организијата во тоа време, меѓутоа и денеска. И така треба да биде и во иднина – рече тој. 

Според него, нешто што е многу значајно е поентата што ја кажува великанот Гоце Делчев за организацијата и нејзината врска со народот нешто што, како што истакна Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ го докажа во минатите изборни циклуси.

– Врската помеѓу организацијата и народот е силата на организацијата. Тука ние како генерација политичари го додаваме тројството. Ја додаваме и Македонија односно организацијата, народот и Македонија. И тоа е темелот и причината за нашето постоење меѓутоа тоа е и последица на нашето постоење и на нашето опстојување. Доколку тој темел се подрие нема да и се пишува добро на Македонија, кажа Ковачки.

И токму оттука, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, ја влечеме последната поента на која што не учи Гоце Делчев, а тоа е да направиме револуција на умот и на душата.

– Говорејќи за душата тука мислам на достоинството, а говорејќи за умот, тука мислам на чесноста, на прикривање односно на цeлосно спуштање помеѓу народните маси, слевање со народните маси, нивно осознавање, да се видат проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, непокажување елитизам, чесност, одговорност, транспарентност и градење на институции кои што ќе бидат достојни за една модерна македонска држава – рече Ковачки.

Поврзани вести