
Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласи на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ за најновите случувања во Ормуска Теснина и операцијата Проект слобода.
– Иран изврши напади на земји кои не се поврзани со бродови во операцијата ПРОЕКТ СЛОБОДА, вклучително и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Погодивме седум мали ирански пловни објекти или, како што тие сакаат да ги нарекуваат „брзи чамци“. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета по пловните објекти кои поминуваат низ Теснината – објави Трамп.
Тој најави дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн утре наутро ќе одржат прес-конференција.
Претходно, Министерството за океани и рибарство на Јужна Кореја соопшти дека јужнокорејски товарен брод закотвен во Ормуска Теснина беше цел на можен напад што предизвика експлозија.
Товарниот брод ХММ Наму беше закотвен во водите во близина на Обединети Арапски Емирати. На бродот имало вкупно 24 членови на екипажот, од кои шест јужнокорејски државјани и 18 странски државјани. Во инцидентот никој не е повреден

Македонски



