Skip to main content

Хорот „Света Злата Мегленска“ одбележува 30 години постоење со концерт во во Соборниот Храм „Св.Климент Охридски“

Овој голем ЈУБИЛЕЈ ви го посветуваме вам, драги пријатели и почитувачи на хорската музика, со длабока благодарност и искрена почит за сите овие ТРИ ДЕЦЕНИИ во кои сте со нас. За тоа што нè следите, нè поддржувате, нè слушате и ни верувате.

Тоа се 30 години посветеност, храброст, упорност и заедништво — 30 години заеднички раст и создавање.

Јубилејот не е само свечен момент, туку и огледало во кое ја препознаваме нашата патека, нашата работа и нашата заедничка слава.

Затоа неговото одбележување ни претставува должност — чин на благодарност кон 12-те девојки што го поставија темелот на хорот и потоа многуте со нив што го градеа и надградуваа низ годините.

И, кон прекрасните девојки кои на 8ми мај, во Соборниот Храм „Св.Климент Охридски“-Скопје, ќе стојат пред вас, подготвени со срце и душа да го подарат својот глас, спојувајќи го своето пеење со вашето слушање во еден заеднички момент на музика, емоција и убавина.

Поврзани вести