
На 03.05.2026 околу 09:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип Втори“ во Свети Николе, автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(40) од Велес, кој превезувал околу 20 патници, поминал преку испакнат дел од патот, при што двајца од патниците паднале во автобусот и се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани Општа болница Велес, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Македонски



