
Фудбалерите на Нотингем Форест освоија важни бодови во битката за опстанок во Премиер лигата, совладувајќи го попладнево Челзи во Лондон со 3-1 во рамки на 35 коло.
Со победата, Нотингем Форест се зацврсти на 16 место со 42 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање на три кола до крајот на сезоната.
Ова беше шести последователен премиерлигашки пораз на Челзи, кој е деветтопласиран на табелата, заостанувајќи десет бодови зад Астон Вила на петтото место, кое последно обезбедува пласман идната сезона во Лигата на шампиони.
Авонији ја навести победата на гостинскиот тим на „Стенфорд бриџ“ веќе во 2 минута, а Игор Жезус го зголеми водството на Нотингем Форест во 15 минута. Авонији со својот втор гол на натпреварот му донесе убедливо водство на Форест во 52 минута, а Жоао Педро постигна почесен за Челзи во судиското продолжение, откако претходно на крајот од првиот дел Палмер не искористи пенал.

Македонски



