Skip to main content

За едно деноноќие МВР успаси седум лица за дрога

МВР

Полицијата во изминатите 24 часа привела седум лица на различни локации низ државата, откако при прегледи и претреси кај нив била пронајдена дрога.

Апсења имало во Струмица, Боговиње, Прилеп и на повеќе локации во Скопје, меѓу кои Бит Пазар, Гази Баба, Центар и Аеродром.

Во Струмица бил приведен 23-годишен жител на градот, кај кого најпрво била пронајдена марихуана, а потоа, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени уште две најлонски пакувања со марихуана. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Во Боговиње, пред угостителски објект, полицијата привела двајца 38-годишни жители на селото, поради сомневање за кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Во Прилеп, на улицата „Панко Брашнаров“, бил приведен 30-годишен прилепчанец, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Неколку случаи биле регистрирани и во Скопје. На Бит Пазар бил приведен 30-годишен скопјанец кај кого била пронајдена бела грутчеста материја. На подрачјето на Гази Баба бил приведен 28-годишен скопјанец кај кого била пронајдена марихуана, а во Центар бил приведен 24-годишен скопјанец кај кого била пронајдена прашкаста материја.

Во Аеродром, пак, полицијата привела 24-годишен државјанин на Турција, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести