Skip to main content

Дете дома пронашло воздушна пушка па се повредило

На 26.05.2026 година во 12.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница во Охрид било донесено малолетно лице од кичевското село Колари кое имало повреди од воздушна пушка.

По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека малолетникот, во својот дом ја пронашол воздушната пушка сопственост на неговиот татко и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести