Skip to main content

Испробајте ја оваа салата со печени праски

Малку необична салата со печени праски.

Потребно:

Мешана зелена салата
Праски
Пршута
Бурата или моцарела
Маслиново масло
Балсамико оцет
Ф’стаци

Постапка:

Измијте ги праските, исечете ги на парчиња, попрскајте ги со масло и наросете ги со 1 лажица кафеав шеќер. Печете во тава или на скара.

Наредете ги врз салатата, додадете бурата, пршута, зачинете по вкус, наросете со ф’стаци и уживајте во неописливата комбинација од божествени вкусови!

Видеото со инструкции погледнете го тука

Поврзани вести